Press "Enter" to skip to content

В недела, во Битола шаховски предизвик во “Пионерски Book Bar“

“Пионерски Book Bar“ заедно со шаховскиот клуб “Стево Патако“ од Битола в недела закажаа брзопотезен шаховски турнир, за кој пријавувањето е во тек, а турнирот ќе се игра за награден фонд од 20.000 денари.

Претседателот на шаховскиот клуб “Стево Патако“, Сашко Павловски, за овој шаховски турнир вели:

-Посебно ме радува и овој турнир, не само мене, туку и на повозрасните членови на шаховскиот клуб “Стево Патако“ од Битола ми буди многу емоции и носталгија. Ќе кажам, за оние битолчани не знаат, а сигурно ги има многу, просториите на клубот пред 40 години се наоѓаше токму во поранешниот Пионерски дом, а сега “Пионерски Book Bar“. Просторијата каде се запишувавме, учевме и игравме шах се наоѓаше на првиот кат и беше втора по ред од десната страна. Очекувам, покрај многу емоции кај повозрасните шахисти и одлични партии на младите шахисти. Обезбеден е награден фонд од 20.ооо денари, за кој ќе играат шах 30 шахисти.Сопственикот на “Пионерски Book Bar“, Николче Велјановски за шаховскиот турнир кој не очекува в недела вели:

-Сакаме како објект да бидеме отворени за сите битолчани, без разлика за каков настан се работи. Од еден неврзан разговор со претседателот на клубот, Сашко Павловски, дојде до идеја за овој шаховски турнир, веднаш се договоривме, го утврдивме терминот и се е подготвено. Кога ми ја кажа историјата не клубот и дека од тука се започнало, ние ја одржуваме традицијата, а и ќе ја негуваме во иднина. Очекувам одлична “шаховска недела“ во “Пионерски Book Bar“, а се надевам дека за брзо време ќе имаме и други изненадувања за битолчани од ваков тип.

Почеток на  брзопотезен шаховски турнир е во 10 часот, ќе има ограничен број учесници – затоа ако име уште некој заинтересиран нека побрза, да се пријави се навреме.

Турнирот ќе се игра под слоганот:  “Таму каде што сè започна… во Пионерски Book Bar“, а организаторите на турнирот “Пионерски Book Bar“ и шаховскиот клуб “Стево Патако“ од Битола на учесниците им порачуваат: Подготви ја стратегијата, местото е твое – само пријави се!

Сашо Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »