Вечерва во Битола се одигра дербито на есенскиот дел на ракометната сезона, дерби кое се очекуваше, дерби во кое Еурофарм Пелистер имаше само еден избор. Изборот беше победа, а и тоа се случи.
Вардар повеќе не е единствен непоразен тим во домашното првенство, во Битола загуби од Пелистер 28:23 од актуелниот шампион Еурофарм Пелистер.
За Еурофарм Пелистер овој триумф е враќање на атмосферата, на мотивацијата и најважно од се, приближување до Вардар на табелата на само два бода, а титулата ќе се решава на пролет, двете екипи имаа шанси, а секако битолчани ја сакаат четвртата по ред.
А, ракометната атмосфера како и секогаш во Битола, како што е веќе 40 години наназад. На трибините како и секогаш, полни и скалите, голем набој, на трибините, а навивачите го пренесоа тоа и на терен, а Пелистер победи.
Натпревар во кој се нахрадуваа убавите потези и голови, се бодреа “пелистерци“ кога не и одеше, а посебна еуфорија имаше кога голманот Саид Хеидарирад кои блескаше во моментите кога беше најпотребно.
А, Комитите како и да не беа во Битола, беа доминантни “Чкембарите“ со навивање, кореографија, а тоа траеше половина час пред натпреварот, за време на натпреварот и половина час по натпреварот.
Како изгледаше дел од атмосферата во Битола низ објативот на фоторепортерите Сашо Ристевски и Дамијана Ристевска.
Уживајте во “сликите“ и победата над Вардар.
[ngg src=”galleries” ids=”2675″ exclusions=”38033″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ images_per_page=”44″ order_by=”imagedate”]











