Press "Enter" to skip to content

Во Битола света литургија и литија во чест на Св. Нектариј Битоски, заштитник на градот (фотогалерија)

Денес, во Битола, во слава на преподобниот Нектариј кој тивко и достоинствено се преселил во вечното царство Христово, на 5 декември 1500 година, верници од Битола денес во храмот “Свети Великомаченик Димитриј“ во Битола, од каде со света литургија беше одбележан на Денот на Свети Нектариј Битолски, заштитник на Битола.На Светата Божествена Литургија присуствуваше и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски и претседателот на Советот, Бојан Бојкоски.По службата се пристапи кон Светата Причеста, каде од виното-крвта Исусова, се причестија голем број верници.Потоа, според востановената традиција, низ повеќе битолски улици се одржа Литија, а во литијата учествуваа голем број на верници од Битола.Градоначалникот Тони Коњановски, испрати честитка по повод празникот, посакувајќи доброто, секогаш да биде наша водилка на патот кон успехот.-На сите сограѓани им го честитам Денот на Заштитникот на градот – Свети Нектариј Битолски. Неговата заштита нека биде постојано со нас. Секојдневието да го исполниме со љубов, меѓусебно почитување и добрина кои ќе не водат кон исполнување на високите вредности, со кои ќе ја градиме иднината на Битола, иднината на сите нас и генерациите кои доаѓаат, рече градоначалникот Коњановски, честитајќи го Денот на заштитникот на Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »