На 17.12.2025 во 12:50 часот во СВР Битола, Т.М. (67) од Битола пријави на ул. „Стив Наумов” во Битола му било одземено неговото паркирано патничко возило „мазда“ со битолски регистарски. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 17.12.2025 во 17:10 часот во СВР Битола, Б.С. (38) од Битола пријави дека во казино на ул.„4 Ноември во Битола бил физички нападнат од 29 годишник од Битола. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 17.12.2025 во 12:21 часот на ул. „Славко Лумбарко“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Г.Н. – 43 годишник од Битола. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,59 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.






