Press "Enter" to skip to content

На плоштадот “Магнолија“ во Битола започна Зимската приказна со улична магија (фотогалерија)

Денес на пладне на радост на децата, родителите, бабите и дедовците на плоштад “Магнолија“ во Битола започна “Зимската приказна“ во организација на Општина Битола.Саботнот корзо и кафе на Широк Сокак голем број на битолчани го заменија со улична магија, смеа и движење што веднаш го поставипразничниот ритам на градот.Битолчани и нивните гости имаа прилика да гледаат жонглери и акробати од “Баскерфест“ кои изведоа уличен перформанс за сите генерации, а сето тоа како дел од празнична атмосфера во срцето на Битола.Отворањето на годинашнава “Зимска приказна“ беше со GRIN-G Winter Street Festival програма што ќе ја претвора улицата во сцена и ги собира и децата и возрасните околу истата радост: да се гледа, да се смее и да се аплаудира.“Зимската приказна“ започна на отворено, заеднички, со насмевка…, како и ќе биде до дочекот на Новата 2026 година.Вечер на платото пред Офицерски дом битолчани ќе присуствуваат на германски божикен базар, на коцерт на групите “Гром“ и “Супер хикс“.

Текст и фото: Дамијана Ристевска

More from БитолаMore posts in Битола »
More from ВестиMore posts in Вести »