На 20.12.2025 во 22:54 часот на бул. „1-ви Мај“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода А.Р. (62) од Битола.
Имено, при контрола во сообраќајот полициските службеници сопреле патничко возило “даеву“ со битолски регистарски ознаки управувано од А.Р. при што констатирано било дека истиот управувал под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1,75 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на настанот против него ќе следува пријава за кривично дело ,,Безобѕирно управување на моторно возило” согласно член 297-а од Кривичен законик.






