Денешниот ден го означува официјалниот почеток на астрономската зима на северната хемисфера, а 21 декември е најкраткиот ден во годината – зимска краткоденица. По 21 декември, деновите почнуваат постепено да се продолжуваат.
На Северната полутопка зимата доаѓа во 16 часот и три минути, додека на јужната полутопка почнува летото. На денот на почетокот на зимата денот е најкраток, а ноќта е најдолга.
Астрономската зима трае до 20 март, кога започнува пролетната рамноденица и Сонцето повторно преминува на северната страна од небесниот екватор. Тогаш започнува ново годишно време, т.е. пролет.
Зимата вкупно ќе трае 88 дена, 23 часа и 42 минута.






