-Вечерва на зимската приказна во Битола главниот настан на платото кај Офицерски беше на “Acoustic rock jukebox Sarah Mace & The Girlzz“, а претходно имаше “Новогодишен концерт“ на кој ќе настапат Полина Тасева, Влатко Груевски, Давид Миладинов, Андреј Наунов на пијано, како и настапот на Никола Зац и “Дуо Латино“.
Вечерва продолжи “Зимската приказна“, на 2. ден на главната сцена настапија на “Новогодишен концерт“ Полина Тасева, Влатко Груевски, Давид Миладинов, Андреј Наунов на пијано, а пред се Младите битолчани по студено време уживаа во песните на “Acoustic rock jukebox Sarah Mace & The Girlzz“ и на Никола Зац и “Дуо Латино“.
Сара Мејс по концертот ни рече:
-Се чуствуваме супер поради тоа што беше навистина многу ладно, а разбрав дека е и загаден воздухот и навистина не знаев дали луѓево ќе се охрабрат да излезат од дома за да дојдат и да не слушаат. Си поминавме преубаво, и не е клише муабет дека битолчани знаат да почитуваат нови аражмани и оркестарски аражмани, малку поинакви изведби различно од она што би нарекле баш, мејстрим. Истото го покажаа и вечерва дека се такви.
-За вечерашниот концерт имавме доста проби, конкретно за целиот серијал на концерти. Имаме уште три концерти, овај ни беше првиот и се што имаме пробувано до сега за прв пат го покажавме на сцена тука, на гости ја вас во Битола, додаде Сара и им порача на битолчани:
-Да си продолжат да си блескаат, да си останат најубави, најдотерани и најпозитивни.
Во текот на денот на плоштадот “Магнолија“ имаше настапи на “Етно Илинден“, “Центриф Куд“, “Илинден“, на членови на Француска алијанса Битола, како и АФ “Плетенка“ и АФ “Гоце Делчев“.
Утре на главната сцена на Офицерски дом ќе настапат мандолински оркестар заедно со мешан хор на КУД “Стив Наумов“, потоа ќе следува настап на “Дрим тим“, а во главниот термин битолчани ќе уживаат во “The best of Битолски оркестар Diva“ за крај во настапот на група “Инструментал“.
На плоштад “Магнолија“ ќе има мали приредби на дечињата од ЈОУГД “Мајски цвет“ на основите училишта “Ѓорѓи Сугарев“ и “Коле Канински“ и на бендот “YAMKA, а ќе има и кино на отворено.
Дамијана Ристевска






