Press "Enter" to skip to content

“Уметност која ја допира душата и ја менува перцепцијата” изложба на Тони Соколовски (фотогалерија)

Во Кристалната сала во Офицерскиот дом беше отворена самостојната изложбата на Тони Соколовски под името “Уметност која ја допира душата и ја менува перцепцијата”.Соколовски е уметник кој со редок сензибилитет ја претвора материјата во приказна, а предметот во симбол. Пред нас стојат дела кои не се само визуелни композиции, туку живи структури во кои се вградени време, судбина и човекова енергија. Соколовски го користи јазикот на асамблажот за да ги спои световите на минатото и сегашноста.Старите, заборавени предмети – фенерот, механизмите од часовник – овде добиваат нова улога. Тие стануваат носители на светлина, наратив и спомен. Во рацете на авторот тие престануваат да бидат обични објекти; стануваат симболи на траењето, на надежта и на кршливоста на материјалниот свет.На оваа изложба ќе забележите два доминантни центри: светлината и времето. Два елементи без кои човекот не може да го разбере сопственото постоење. Во едното дело светлината е чувана, заштитена, носена. Во другото времето е изложено, распаднато, откриено пред нас, како потсетник дека ништо не е непроменливо.Боите, текстурите и релјефите се внимателно изградени и ја носат препознатливата поетика на авторот. Оваа изложба е доказ дека уметноста може да го оживее заборавеното, да го осветли невидливото и да го претвори обичниот предмет во силен симбол на човечкото искуство.Исто така, Соколовски, изработуваат рекламни логоа, декоративен материјал и најразлични форми и фигури од стиропор и стиродур. На нивните Facebook ( Sokolovski 3D) и Instagram (sokolovski3d) профили можете да ги погледнете нивните изработки како и да ги направите вашите нарaчки.

Фото: Дамијана Ристевска

More from БитолаMore posts in Битола »