-Во организација на Сојузот на спортови на Битола во 2016 година, во ресторанот “Белведере“ се одржа традиционалниот избор на спортист на Битола за 2015 година, а се доделија награди и за 2014 година, започна со сеќавањата Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство, а во 2016 година и претседател на Сојузот на спортови на Битола.
За спортист на Битола за 2015 година беше прогласена Дијана Неделковска, членка на
кунг-фу клубот Битола. Таа го доби ова признание врз основа на резултатите кои ги постигна на светското првенство каде таа се закити со златен медал во апсолутна категорија.
-Ова е уште едно признание за мене, но и за мојот клуб каде работам долги години. Ова е секако и поттик за сите борци кои се членки на кунф-фу клубот Битола. Успесите се резултат на многу вложен труд, многу работа, а ова признание трето по ред за мене е уште едно вреднување на се она што сум вложила до сега, ќе рече тогаш Дијана Неделковска.
Второ пласиран беше Христијан Илиевски – мото спорт третопалсиран Мартин Ивановски – стрелаштво, четврто пласиран беше Стефан Дрогришки – ракомет, а на петто место беше Александра Шијакова – ракомет.
За најдобра сениорска екипа за 2015 година е прогласена екипата на женската ракометна
екипа Пелистер. Оваа екипа го доби ова признание за успесите кои ги постигна во Супер ракометната лига на Македонија и учеството во Челинџ купот.
Второ пласирана беше екипата на стрелците на РЕК Битола, а на трето место женскиот фубалски клуб Конзули.
Посебно признание за 2015 година доби Ѓуро Илиќ за 40 години во боречките вештини, а посебно признание доби Драгољуб Георгиевски за посебен придонес за развојот на стрелаштвото.

Деновиве пред 10 години: Дијана Неделковска спортист на Битола за 2015 година (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: “Љубојна“ одбележа 15 години со спекатакуларен концерт со Влатко Стефановски и Џамбо Агушев (фото)
- Во населбата “Ушици“ во Битола, одбележан празникот Преображение Христово (фотогалерија)
- Турнир во бељот “Ушици 2026“ во Битола (фотогалерија)
- Од стара куќа до нова приказна, кнуга бар “Пионерски“ една година
- “Силно светнал ден“ во Битола, платото пред Офицерски претесно за битолчани и нивните гости (мега фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Одлични резултати на пливачите на Југ на “Император куп“ во Битола (фото)
- ЈКП “Водовод“ Битола: утре прекин во водоснадувањето поради дефект кај “Фринко“
- ЈКП “Водоводо“ Битола: започна реконструкцијата на водоводната мрежа на ул. “Маркс и Енгелс“
- Нова услуга на Црвен крст Битола “Наменски транспорт“
- Балканскиот куп во риболов “Битола 2026“ по 30 пат на “Стрежево“ (фото)










