Бендот “The Groove“ од Битола продолжува сигурно да го гради своето име на македонската музичка сцена, а со своето најново музичко дело поставува уште еден цврст темел во нивниот авторски израз.
Песната со наслов „Не си сам“ е најновото издание на бендот и претставува дел од нивниот прв студиски албум „Тука сум до тебе“.
Со оваа композиција “The Groove“ испраќа силна и искрена порака за поддршка, блискост и човечка поврзаност, останувајќи верни на својот препознатлив звук и емоционална искреност.











