-Вечерва на зимската приказна во Битола главниот настан на платото кај Офицерски го одржа Камерниот оркастар “Дива“, а насташија и групата “Инструментал“, претходно битолчани ги гледаа и слушаа КУД “Стив Наумов“ и “Дрим тим“, а во главниот термин битолчани ќе уживаат во “The best of Битолски оркестар Diva“ за крај во настапот на група “Инструментал“.
Вечерва продолжи “Зимската приказна“, а на 3. ден на главната сцена на Офицерски дом настапија мандолински оркестар заедно со мешан хор на КУД “Стив Наумов“, потоа следуваше настап на “Дрим тим“, а во главниот термин битолчани ќе уживаат во “The best of Битолски оркестар Diva“ за крај во настапот на група “Инструментал“.
“The best of Битолски оркестар Diva“ заедно со солистите Ирена Димовска, Бојан Стојков, Бранко Шпољарич – Паљачо од “Чоканче“, Александра Трајчевска и Санела Шукриовска.
Атмосферата посебно ја подигнаа со своите темпераментни настапи и ја загреаја битолската публика по студеното време Ирена и Паљачо, кој ја исполни легендарната педна на “Чоканче“ – “Ти си буништар“.
Секако битолчани, покрај што се загреваа со музика и играње, се загреваа и со топла ракија и греано вино, а уживаа и во храната која ја купуваа во “куќичките“ кај Офицерски.
Иако на крај на денешната програма на Зимската приказна групата “Инструментал“ пред битолската публика испејаа песни од нивниот репертоар – авторски песни, а пееја заедно со публиката и преработки на познати хитови.
Утре на 4. дена на Зимската приказна во Битола на главната сцена на платото кај Офицерски дом ќе настапи групата “Милениум бенд“, а потоа Игор Димовски со “Пауза за ракија“, а за крај “Икс бенд“ од Битола.
На бината на плоштадот “Магнолија“ со свои точки ќе се претстават дечиња на ЈОУДТ “Естреја Овадија Мара“, на основните училишта “Гоце Делчев“ и “Стив Наумов“ од Битола, а ќе има и кино на отворено.
Основното училиште – ресурсен центар “Кочо Рацин“ од Битола ќе се претстави со новогодишна приредба која ќе се одржи во Малата сала на Центар за култура – Битола.
Дамијана Ристевска











