-Воведовме пилот-проект за електронско гласање, побрзо, поефикасно и потранспарентно од кога било досега. На денешната Комисија за јавни дејности, членовите имаа можност практично да го тестираат системот, а во периодот што следи истиот ќе биде применет и на останатите комисии, вели претседателот на Советот, Бојан Бојкоски.
Како што тој информира, системот за електронско гласање е целосно изработен од вработените во ИТ одделението на општина Битола, без ангажман на надворешни фирми и со 0 денари дополнителен трошок, односно нема никакви финансиски импликации кон буџетот на општина Битола.
-Ова е уште еден чекор кон модерна, транспарентна и одговорна локална самоуправа, во интерес на граѓаните на Битола, вели Бојкоски.






