Press "Enter" to skip to content

“Пауза за ракија“ и “ИКС бенд“ направија одлична атмосфера на 4. вечер на Зимската приказна во Битола (фотогалерија)

-Денес на 4. ден на Зимската приказна во Битола на главната сцена на платото кај Офицерски дом настапи групата “Милениум бенд“, а потоа Игор Димовски со “Пауза за ракија“, а за крај “Икс бенд“ од Битола, се за убава атмосфера.Релативно топлото време за овој период, по неколку деново студено време и загаден воздух, вечерва на платото кај Офицерски дом во Битола “донесе“ голем број на битолчани кои уживаа во програмата на главната сцена, по убави песни, а сето тоа го загреаа и со греано вино.Посебно расположение “донесе“ познатата македонска група “Пауза за ракија“ заедно со Игор Димовски, која на радост на битолчани кои дојдоа после дождот кај Офицерски, го служаа и уживаа во нивните музички аражмани од македонска музика, екс-ју музика и странска музика, а круна на сето тоа беше што се “заврте“ и оро.После “Пауза за ракија“ и Игор Димовски, за крај на оваа 4. вечер на Зимската приказна настапи битолскиот “ИКС бенд“.Перо и Ружино за битолчани, како и на секоја “свирка“ без разлика каде се одржува дали во кафулина, клубови, или на отворено, како и секогаш во живо направија таква атмосфера на која сме сите ние навикнати и разгалени од нив двајцата.На главната сцена на платото кај Офицерски утре ќе настапат Дани Димитровска и “Soul movers band“, а на стартот на вечерниот термир ќе ги гледаме “Еликсир бенд“.Утре на 5. вечер на Зимската приказна на плоштадот “Магнолија“ во пладневниот термин ќе настапат учениците од основвните училишта “Даме Груев“, “Кирил и Методиј“, “Д-р Трифун Пановски“, “Елпида Караманди“, “Св. Климент Охридски“ и “Тодор Ангелевски“. Ќе натапат и среднисти од “Ѓорѓи Наумов“ од Битола. Ќе има и кино на отворено. Француската алијанса исто така ќе има свој настап.Во Пацио утре ќе настапи групата “Трето колено“, а потоа битолчани ќе ги гледаат “Пијан славеј“, како и група “Пеперминт“, а свој сет ќе има ди-џеј “Б-бој“.

Текст и фото: Дамијана Ристевска

More from БитолаMore posts in Битола »
More from ВестиMore posts in Вести »