На крајот на годината и ЈП „Нискоградба“ со своја рекапитулација за годината која изминува и плановите за следната 2026 година.
Директорот на „Нискоградба“ Зоран Талевски вели дека позначајни предизвици со кои се соочи претпријатието во 2025 година беше зголемувањето на бруто платите од 8 % и трошоците за вработените (отпремнини за вработени кои заминаа во пензија) или вредносно во износ од околу 8 милиони денари (во споредба со 2024).
-Како за илустрација платата во претпријатието во 2021 година изнесуваше 62.029.217 денари за максимум 161 вработен во таа година, додека за 137 вработени во 2025 година платата изнесува 85.141.803 денари“ информира директорот Талевски.
Како финансиски товар ја истакнува и исплатата на заостанатите придонеси за бенифициран стаж.






