-На главната сцена во вечерниот термин на 9. вечер на Зимската приказна во Битола настапи Андријана Јаневска и групата на младите битолчани “Tsar Von Time“, на студено време пред голем број публика, а неделата беше исполнета со многу настани на разни локации.
Денес на 9. ден на Зимската приказна на главната сцена кај Офицерски дом во дневниот термин битолчани гледаа детски претстави на Црвен Крст Битола, на “Солза и Смеа“, на Народен Театар Битола, детска театарска претстава „Подароците на Дедо Мраз“, а го слушаа детските песни од детски музички фестивал “Весели ѕвончиња“, а за крај се изведе детска театарска претстава „Кога Дедо Мраз пее, секој се радува и смее“.
Денес во Битола се одржа хуманитарен базар во организација на “Book’s House“ како сдел од програмата „Зимска приказна“, настан кој уште еднаш ја потврди солидарноста и човечноста на битолчани на кој учествуваа бројни спонзори, лебличиите од пазарот, “Adam’s Art School“.
Нена Наумовски на хуманитарниот базар ја промовираше сликовницата – втор дел од приказната за битолскиот клавир Петко, проект кој добива и своја серија, а настанот со музичкиот дел го збогати“Нала бенд“.
Во Стара чаршија, на пешачката зона покрај Драгор настапија “Groove Boulevard“, Софија Пуровска и “Империјал бенд“, група “Секвенца“ и група “Твинс“.
Во “Bliss Mall“ имаше детска театарска претстава “Новогодишна брканица“, хуманитарна иницијатива „Понекогаш ние сме причината за нечија насмевка“ – детски хор и хуманитарен новогодишен базар.
Во празничен автобус вечерва “музика пушта“ DJ Ацика.
Утре на главната сцена во Офицерски дом во вечерниот термин ќе настапат “Екстра бенд“, група “Деспина“, групата “The Groove“ и за крај Ѓоко Танески.
Во старата чаршија на пладне ќе настапат битолските групи “Амалија“, “Конзули“, “Модус бенд“ и Чапче и Тајфата.
На другите локации во ресурскиот центар ќе биде “Дедо Мраз со Фичото“, ќе има новогодишен концерт на Државно музичко училиште во големата сала на Центар за култура, “Stefanija Jazz “ ќе има концерт во Пионерски.
Детски театарски претстави “Новогодишна ноќ“ и “Снежна бајка“ ќе се изведат во “Bliss Mall“, а во празничен автобус – музика ќе пуша “DJ Berryquat“.
Текст и фото: Дамијана Ристевска











