Во рамките на солидарниот проект „Ведро небо – здрави умови“, “Сумнал“ од Битола реализираше активност со учениците и професорите од СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“ – Битола.
-Заедно со децата од нашата заедница спроведовме активност посветена на промоција на алтернативен и еколошки транспорт – пешачење и возење велосипед, како секојдневни избори што го намалуваат загадувањето, го унапредуваат физичкото и менталното здравје и ја поттикнуваат грижата за животната средина. Во таа насока, сите заедно се упативме во Градскиот парк, испраќајќи порака дека движењето, свежиот воздух и активниот начин на живот се важни за здрава и одржлива заедница, рече Фатма Бајрам Аземовска од “Сумнал“.
Солидарниот проект „Ведро небо – здрави умови“ е финансиран од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност преку програмата Европски солидарен корпус на Европската Унија.






