Во галеријата “Ранко Струмениковски“ во Битола пред голем број на љубители на уметноста од Битола и регионот свечено беше отворена, една ретка, ретроспективна изложба на 50-годишното активно, богато и континуирано уметничко творештво на академскиот сликар Методија Ивановски – Менде (1929 – 1995) од Битола.
За авторот на оваа монументалната изложба на Ивановски, инаку член на битолската ликовна група ВДИСТ од 1955 година, зборуваше галеристот д-р Драган Ристевски кој рече:
-Сликарските дела на Методија Ивановски – Менде, со хронолошки опфат од половина век творештво, почнувајќи од 1946 година па се до неговата смрт, се тука благодарение на педантно и грижливо чуваните дела од страна на наследниците на Методија Ивановски,, а јавноста има можност да проследи голем дел позначани сликарски остварувања од различни периоди и дела од повеќе уметнички сфери. Така, имаме цртежи со јаглен уште од раните средношколски години на Уметничката школа во Скопе, па преку слики од почетниот енформел, присутен во педесетите и шеесеттите години на минатиот век, продолжувајќи со акварели и дела во масло на платно, па се до скици и сценографски решенија за театарски претстави, фестивали и студиски потреби за сценографии во Македонската радио телевизија каде го проведе својот работен век Методија Ивановски.
Педесетината дела, од кои извесен дел за првпат се достапни за јавноста, говорат за едно богато и плодно и конечно повеќестрано уметничко творештво, стилски разнолико и пред се автентично, оргинално и авторски препознатливо и додаде:
-Методија Ивановски е еден од претставниците на првата генерација современи македонски академски сликари кои оставија силен печат и трага во развојот на уметничкиот израз и осовременување на ликовниот живот во Македонија, а под влијание на современите европски трендови и движења во втората половина на минатиот век. Новите европски концепти и иновации како да му погодуваа на Методија Ивановски. Тој своето официјално јавно претставуване пред публиката го има во 1952 година во родната Битола со приредување прва самостона изложба. Затоа пак, како новина и екскузивитет на оваа антологиска изложба на публиката и нудиме вредни уметнички дела, цртежи датирани од 1946 година кои имаат високи уметнички сторности и истовремено и историска тежина и вредност.
Како еден од петмината членови на првата организирана ликовна група кај нас, уште од 1955 година, групата ВДИСТ (Видимче, Димовски, Ивановски, Спироски, Траиковски) популарно познат Менде, Методија Ивановски зазема значајно место мегу корифеите на македонското повоено современо сликарство.
Владо Ѓоревски, ликовен критичар, за Ивановски ќе напише:
-Ликовниот пат на Методиа Ивановски-Менде е цвртс, непоколеблив, бескомпромисен, без разновидни стилски претумбации и екстравагантности. Од почетокот на своето момчешко деби па до последната негова слика то j следи својата мисловна и интуитивна постоаност како своевиден ментроном чие темпо се убрзува со годините на се поброіниот опус, оздавајќи jа творечката целина како јадро на лаконски израз и изграден свет, жесток не во својот израз или потез туку во истранојста да се издржат сите безбројни ликовни и културолошки калкулации од сите нивоа и изрежирани позиционирана. Сликарството на Менде Ивановски, не го има добиено вистинското свое место, тоа е самостојно, осамувано творечко и човечко кредо, кое упорно се обидува да не пробуди, особено денес. Неговата трајност, важност, длабоко понирање и воздигнување со остатоците на сите наши изгубени, исчезнати, уништени, украдени животни артефакти, како ликовни траги, лузни, можеби ќе бидат во скорешна иднина, антологиските остатоци, на еден народ кој доброволно ќе исчезне во својата цивилизациска амнезија одбираки го своето дефинитивно ништо.
Поради службени обврски на авторот Ѓоревски неговото писание го пред присутните го прочита Теодора – Теа Ристевска – Скушек.
Синот на Ивановски, Љупчо на отворањето рече:
-Им благодарам на Драган и Тања за соработката за организање на овие две изложби на кои во оваа галерија се изложени дела на мојот татко. Идејата беше да направиме самостојна изложба на мојот татко Менде за неговото сликарско дело, а потоа дојдовме со идеја да го опфатиме и неговото дело како сценограф во Македонска радио телевизија. Сакам да кажам дека имаше создадено голем број на сценографии кои сега се изложени на првиот кат на галерија.
Инаку, Менде Ивановски е роден е во 1929 година во Битола. Сликарство завршил во Художествената школа и Педагошката академија во Ское. Студиски престој во Италиа 1954 год-во Париз 1957 и 1977 год., во Прага и Братислава 1970 год. и во Њујорк 1982 година. Член на Друштвото на ликовни уметници на Македониа (ДЛУМ) од 1952 год., член на групата ВДИСТ од 1955 год, член на “The American artist protessional league INC“.
Тој припага на првата повоена генерација современи македонски уметници. Организирал над дваесеттина самостони изложби во: 1952 Битола, Ресен, Прилеп, Загреб, Белград, Струмица, Скопе, Њујорк, Куманово… Учествувал и на бројни групни изложби: Скопіе, Белград, Загреб, Лублана, Копар, Пиран, Сараево, Марибор, Крушево, Штип, Куманово, Битола, Гостивар, Струмица, Штип, Ферара (Италија), Риека, Париз, Охрид, Варшава, Титоград, Пореч, Сараево, Бана Лука, Суботица, Порторож, Габрово, Титов Велес, Виена, Минхен, Херцег Нови, Сплит, Цетинье, Лос Ангелес, Корча… Од 1955 до 1994 редовно учествува на сите изножби на групата ВДИСТ.
Добитник е во 1961 на Ноемвриска награда за сликарство на град Битола, 1972 Ноемвриска награда за сликарство на град Скопје, 1985 Откупна награда за графика од ХУБ “Климент Охридски“ Скопје, 1988 Награда за сликарство на ДЛУМ “Лазар Личеноски“ Скопје, 1988 Специјална награда за миниатурно сликарство, Авторска агенција на CPM, 1994 Награда за сликарсво на мал формат “Вангел Коцоман“ на Центарот за Култура и други…
Делата на Ивановски се наоѓат во галерии, музеи, институции, уметнички колонии и приватни збирки во земјата и странство во: Скопје, Битола, Прилеп, Ресен, Охрид, Струга, Велес, Штип, Струмица, Куманово, Врање, Париз, Лондон, Атина, Солун, Виена, Манхам, Њујорк, Њу Џерси, Лос Ангелес, Флорида, Торонто, Габрово Ереван, Баден и други места.
Текст и фото: Сашо Ристевски











