Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: семејно насилство, опожарена шупа и куќа, пронајдена стара граната

На 29.12.2025 во 20:30 часот во СВР Битола, 27-годишна битолчанка пријави дека во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг. За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање ќе следува соодветен поднесок.

На 29.12.2025 во 13:30 часот во СВР Битола e пријавено дека во дворно место во село Новаци, oпштина Новаци, настанал пожар во шупа сопственост Љ.А. (63) од Новаци. Екипа од Територијалната против пожарна единица Битола го изгаснала пожарот, а повредени лица нема. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Битола.

На 29.12.2025 во 08:30 часот во СВР Битола е пријавено дека во село Барешани, битолско, настанал пожар во куќа, сопственост на Е.С. (62). Екипа од Територијалната противпожарна единица Битола го изгаснала пожарот, а повредени лица нема. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Битола.

На 29.12.2025 во СВР Битола е пријавено дека на 26.12.2025, пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно подигнал артилериска граната калибар 75 мм, која е пронајдена претходно при ископ на патот помеѓу селата Долно Српци и село Вашарејца, општина Могила. Увид бил извршен.
More from ВестиMore posts in Вести »