Press "Enter" to skip to content

“Деспина“,“The Groove“ и Ѓоко Танески на 10. вечер на Зимската приказна во Битола (фотогалерија)

-Како се наближува новогодишната ноќ така и се загрева новогодишната атмосфера во Битола, а вечерва по студено време за тоа се погрижија “Деспина“, “The Groove“ и Ѓоко Танески на 10. ден од Зимската приказна, на платото пред Офицерски.Вечерта на главната сцена ја отвори “Екстра бенд“, па следуваа група “Деспина“, групата “The Groove“ и за крај Ѓоко Танески.Понеделнички во старата чаршија на пладне настапија битолските групи “Амалија“, “Конзули“, “Модус бенд“ и Чапче и Тајфата. Новогодишниот концерт на Државно музичко училиште се одржа во големата сала на Центар за  култура, а “Stefanija Jazz “ ќе имаа концерт во Пионерски. Детски театарски претстави “Новогодишна ноќ“ и “Снежна бајка“ се изведоа во  “Bliss Mall“, а “вртеше“ и празничен автобус каде музика “пушташе“ “DJ Berryquat“.Утре 11. ден Зимската приказна ќе започне во Офицерски дом каде ќе биде “Гимназиска зимска приказна 4“.Вечерната програма ќе започне со новогодишна караоке соба, а ќе продолжи со концер на група “Фонтана“, а ќе настапи и Ламбе Алабаковски и група “Б52 бенд“.Исто така ќе има музика и во Старата чаршија, на пешачката улица за пладневна забава на битолчани ќе се погрижат групите “Бон Тон“, “Спектра“, “Молика и “Артриум бенд“.Танцов перформанс на “Expose Studio“ ќе има во “Bliss Mall“, а таму ќе биде и DJ Милојевиќ (Bliss Mall).Во редовната линија на празничен автобус музика “ќе пушта“ DJ Боца. 

Текст и фото: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »