На платото пред Офицерски дом во Битола битолчани во голем број и на Широк Сокак, точно на полноќ, по минусни температури, кога се преклопија сказалките на “саатот“ во Битола со честитка од градоначаникот, наместо со огномет со конфети, влегоа во Новата 2026 година, со дочек кој го организираше Општина Битола, во рамките на “Зимска приказна“, а оваа веќер беше 12. вечер на главната сцена.
“Влегувањето“ во Новата година помина во знак на песните на популарната македонска група, предводена од основачот Никола Перевски – Пере, кои направија одлична атмосфера за дочек на Новата 2026 гидина.
Откако сите заедно, Пере, Дедо Мраз и градоначалникот одброија за почеток на Новата 2026 година, на присутните им се обрати градоначалникот на Битола, Тони Коњановски и рече:
-Ви благодарам на посетеноста вечерва, а ве има во огромен број, од Битола и од други градови, со сите кои бевме заедно во “Зимската приказна“ во овие изминати денови. Ви посакувам Среќна Нова 2026 година, во новата 2026 година да бидеме сите живи, здрави, да не прати среќа и годината која е пред нас да биде бериќетна.
Додека “Нокаут“ после полноќ ги пееше своите најголеми и препознатливи хитови, од балкинот на Офицерски се “испукаа“ милиони светливи конфети, наместо огномет, со што Општина Битола се приклучи на препораките.
Никола Перевски – Пере на сите битолчани им ја честита Новата години, се заблагодари на градиначалникот Коњановски за поканата на Нова година да биде во Битола, а и на сите битолчани и гости од другите градови за поддршката која им ја дадоа по минусни температури заедно да ги пеат хитовите на “Нокаут“.
Инаку, во новогодишната програма на “Зимската приказна“ на сцената кај Офицерски, пред “Нокаут“ настапи Борче Наумовски, а потоа беше изведено “Кабаре за раѓањето и вечноста“ и “Баркод бенд“.
Во пладневната програма имаше настани кај Офицерски, во Старата Чаршија, каде настапија“Уникат бенд“, Татјана Б. Стефановска и групата “Нектар“.
По полноќ 50 планинари од 10 градови од Македонија, и од Црна Гора и Германија, го започнаа искачувањето на врвот Пелистер во рамките на настанот “Први на први“ кој се одржува по 5. пат.
Сашо Ристевски – Дамијана Ристевска






