Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: на Широк Сокак од двајца 14-годишни малолетници одземени 100 парчиња пиротехника, опожарен мотоцикл мотоцикл

На 01.01.2025 во 01:45 часот на ул. „Широк сокак“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола од двајца 14-годишни малолетници од Битола одзеле околу 100 парчиња пиротехнички средства. По целосно документирање на настанот, против нив ќе следува соодветна пријава. 

   
На 01.01.2026 во 00:20 часот во СВР Битола е пријавено дека во дворно место на ул. “Бранко Радичевиќ“ во Битола настанал пожар, при што целосно изгорел мотоцикл сопственост на Ј.В.(60) од Битола, а зафатени биле и дрва за огрев. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола, а повредени лица нема. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.
More from ВестиMore posts in Вести »