За СВР Битола, Републичкиот и Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата голема чест и одговорност е што токму по повод Новата 2026 година го доделуваме првото детско седиште за автомобил на првото новороденче во Битолската болница. Овој симболичен чин не е само подарок, туку порака дека безбедноста започнува од првиот ден од животот, изјави портпаролката на СВР Битола, Сања Стаматова и додаде:
-СВР Битола, РСБСП која е нивна донација и ОСБСП постојано потсетуваме дека детското седиште не е избор,туку напротив неопходност. Тоа спасува живот и е најважниот прв чекор кон сигурно и безбедно детство. Им честитаме на родителите на приновата и им посакуваме, здравје,среќа и безбедни патувања.






