Будо центарот од Битола традионално како и секоја година го посети Дедо Мраз и им донесе новогодишни пакетчиња на најмалите кои тренираат боречки вештини.
Мајсторот – учител за боречки вештини, самурај Ѓуро Илиќ, за оваа убава традија вели:
-Традиционално по повод Нова година во Будо центарот пристигна Дедо Мраз на радост на најмалите кои тренираат боречки вештини. Поделивме новогодишни пакетчиња за 70 наши најмали кои редовно тренираат кај. Ова беше и повод за ново дружење не само со најмалите туку и со сите членови, како и многупати досега.






