По првиот ден од Новата година кој помина без породувања, вториот ден од 2026 година во Болница “Плодност“ започна со живот. Се родија 8 новороденчиња, од кои 4 машки и 4 женски.

Меѓу нив и предвремено родени близнаци од Прилеп, машко и женско, кои се во сигурни раце и под внимателна грижа на нашиот тим.
Се родија бебиња од повеќе градови, пет од Прилеп, по едно бебе од Ресен, Битола и Росоман.
Во 2025 година во Болница Плодност се родија 749 бебиња, што е околу 50 помалку од претходната година. Падот на наталитетот и кај нас го следи националниот тренд во Македонија.





