Press "Enter" to skip to content

Мицкоски од Битола: со промоцијата и испораката на опремата за справување со цврстиот отпад правиме исчекор кон почиста животна средина

Денеска во Битола на паркингот кај спортската сала беше промовирана и доделена дел од предвидената опрема за управување со отпад (возила и контејнери/канти) за општините од Пелагонискиот и Југозападниот регион.На промоцијата присуствуваше и премиерот Христијан Мицкоски беше придружуван од министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа и заменик министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска.Пред присустните градоначалници и претставници на општините, како и партнерите од Европската банка за обнова и развој развој (ЕБРД) и донаторите (SECO, WBIF, СИДА), премиерот Мицкоски рече дека денеска испраќаме силна и недвосмислена порака дека чекориме напред од систем кој што со децении беше запоставуван, кон современо, одржливо и европско управување со отпадот. -Со промоцијата и испораката на новата опрема за справување со цврстиот отпад, правиме конкретен чекор кон почиста животна средина, повисок квалитет на живот и посилна заштита на здравјето на граѓаните. Оваа опрема не е само техничко средство. Таа е симбол на системска промена. Со нејзината распределба овозможуваме значително зголемување на покриеноста со услугата за собирање на отпад, како во урбаните, така и во руралните средини. Тоа значи дека секое населено место, секој граѓанин, добива еднаков третман и еднаква грижа од државата. Со оваа инвестиција директно удираме по дивите депонии – по долгогодишниот проблем на неформално и неконтролирано исфрлање на отпад. Наместо хаос, воведуваме ред. Наместо импровизација, градиме систем, рече Мицковски.Денес беше изложен дел од предвидената опрема – возила и контејнери – наменети за општините од Пелагонискиот и Југозападниот регион. Десет камиони со капацитет од 8 кубни метри, четири камиони од 12 кубни метри, еден кипер-камион, еден камион од марката “рено“, како и друга придружна опрема која ќе ја зајакне ефикасноста на комуналните услуги.-Проектот опфаќа изградба на три регионални санитарни депонии, санација и затворање на три постојни нестандардни депонии, изградба на претоварни станици, како и набавка на опрема и механизација за собирање и транспорт на отпадот, за вкупно пет плански региони во државата. Особено значајно е што со оваа опрема го подготвуваме системот за целосно функционирање на идната регионална депонија и центар за управување со отпад во Новаци, како и претоварните станици во Кичево, Охрид, Прилеп и Дебар. Тоа е регионален пристап што носи ефикасност, економска оправданост и долгорочна одржливост, рече премиерот.Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски кажа дека денес зборуваме за еден многу значаен проект за животната средина во нашата држава, проект кој бара системски пристап на повеќе институции на локално, регионално и централно ниво за да резултира со трајни решенија за проблемот кој со децении го чувствуваат граѓаните, а особено жителите на големите урбани средини.-Станува збор за Регионалниот проект за управување со цврст отпад, кој не значи само изградба на депонија, набавка на камиони или контејнери. Тој е нов начин на управување, систем заснован на европски стандарди, одговорност и регионална соработка, целосно усогласен со директивите на Европската Унија. Општина Битола, како најголема општина во Пелагонискиот регион е и една од општините кои се најголеми генератори на комунален отпад во регионот, поради што имаме посебна улога и одговорност во овој процес. За нас, овој проект значи крај на импровизациите и почеток на современо, контролирано и одржливо управување со отпадот, рече градоначалникот Коњановски.-Овој проект е доказ дека кога државата, општините и меѓународните партнери работат заедно, резултатите се конкретни, видливи и корисни за сите. Заедно градиме почиста Битола, почист Пелагониски регион и се грижиме за иднина на нашите граѓани, рече градоначалникот на Битола.На настанот се обрати и министерот за животна средина и просторно планирање и градоначалникот на Општина Новаци.

More from ВестиMore posts in Вести »