Press "Enter" to skip to content

Во Битола променливо облачно со дожд, температурата до 13 степени

Денес, вторник, 6 јануари, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 13 степени.

Утре, среда, 7 јануари, во Битола, времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, особено попладне и во текот на ноќта. Ќе дува засилен ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 15 степени.