Во празнична атмосфера, кога се најавува раѓањето Христово во болница “Плодност“ се родија 14 новороденчиња, 6 машки и 8 женски бебиња, а меѓу породувањата има едно породување во вода и едно бебе родено со ИВФ. Бебињата доаѓаат од разни градови Прилеп, Битола, Богданци, Демир Хисар, Охрид и Ресен.
-Празничното расположение продолжува со берикетен и исполнет почеток на 2026 година 13 наши мали коледарчиња ја збогатија оваа година уште на самиот почеток, а Бадниковото утро ни ја донесе нашата мала принцеза Јоана, соопштија од болница “Плодност“, а екипата на дежурство и 14 новороденчиња од болница “Плодност“ ви го честитаат големиот христијански празник Бадник, со желби за мир, здравје и топлина во секој дом.






