-Бадник, ден пред Божик, денот кога ја чекаме радосната вест за раѓањето на Исус Христос во Битола повторно Бадникова поворка, која во Битола се организира по 16. пат, а традицијата за цела Македонија започна од тука, а се пееше “Вечниот Бог“.
И оваа година 2026, во Битола се одржа Бадниковта поворка на која учествуваа деца кои ја пееја божикната песна “Вечниот бог“ и носеа ѕвезди кои сами ги изработија, навестувајќи ја Божикната ноќ кога е роден Исус Христос.
Бадниковата поворка започна на плоштадот “Магнолија“ во Битола каде беше испеана песната “Вечниот бог“, а потоа децата беа во црквата “Св. Димитрија“ во Битола, каде добија и благослов.
-Бадниковата поворка од Широк сокак до Офицерски дом, а песната “Вечниот бог“ ечеше од грлата на децата низ Широк Сокак, и беше полна со искреност и љубов, Кире Божиновски, еден од организатор на манифестацијата и додаде:
-Ни д0ждот ништо не ни може во љубовта кон Христа и човекољубието меѓу нас сите. Тука сме за да го најавиме и да го прославиме Христовото раѓање. Сакам да ви се заблагодарам во име на организаторите и во мое име за огромната бројка кои сте тука, за цела поддршка која ни ја давате, за сите кои помагаат за да се одржуваат овие Бадникови поворки, за оние кои не поддржуваат и за оние кои не не поддруваат. Ова сите заедно го правиме во име на верата и сите вери, да го љубиме блискиот до себе. Весело да го пречекаме, сите, раѓањето Христово и во секој дом да донесе здравје, живот, аир и бериќет.
Потоа Бадниковата поворка започна да се движи до Офицерскиот дом, преку Широк Сокак, каде децата беа поздравени од битолчани кои направија шпалир за да се движат.
Пред платото кај Офицерски дом, Бадниковата поворка ја пречека градоначалникот на Битола, Тони Коњановски кој ги поздрави децата и организаторите и рече:
-Вербата во Бога и традицијата се вредностите на кои почива нашето самобитие. Општина Битола и годинава покажа дека оваа традиција е блиска до народот, особено до најмилите и најмладите, кои од мали ги учат вредностите и тие ќе ги запазуваат и применуваат во иднина, рече пре битолчани градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.
Пред присутните беа прочитани песни посветени на Исис Христос и испеани неколку песни, а за крај најгласно ја испеаја “Вечниот Бог“.
На крајот Општина Битола подели над 1.000 празнични пакетчиња на дечињата кои беа дел од бадниковата поворка.
Фото: Дамијана Ристевска






