Press "Enter" to skip to content

Божиќен концерт со кој се празнуваше раѓањето Христово – “Свет, Свет, Свет“ (фотогалерија)

Вечерва во големата сала на Центарот за култура-Битола се одржа концерт на народни и црковни божиќни напеви насловен “Свет, Свет, Свет“, заедно го организираа Центарот за култура, Општина Битола и КИЦ Битола.Концертот на кој присуствуваа голем број битолчани – верници кои ја сакаат оваа музика изведувачите им понудија ретко музичко доживување спој на духовната традиција и современата музика.За инструметалниот дел на концертот се погрижија Благојче Трајковски – кларинет, Никола Трајановски – виолина, Филип Михјлоски – канон, Гоце Ристески – лаутa, Петар Христов – уд, Коста Стевановски – контрабас и Пеце Трајковски – перкусии.На сцената се појави и Византиски Црковен Хор Свети Агатангел Битолски кој остави силен впечаток кај публиката.Вокални изведувачи беа Горан Трајкоски, Ана Митоска, Тања Царовска и Петар Христов.

Ж. Ристевска

Фото: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »