Press "Enter" to skip to content

Бесплатниот превоз продолжува од 12 до 16 јануари до ски-центрите кај Нижеполе и Копанки

Ски центарот „Стрежево“ за сите деца обезбедува бесплатен чај.

Како што веќе беше објавено Општина Битола и меѓуопштинското јавно претпријатие „Пелалинк“ и оваa зима за време на зимскиот распуст за учениците, но и за сите граѓани обезбедија бесплатен превоз до ски центрите на Баба Планина.

По вчерашниот и денешниот ден, бесплатниот превоз продолжува од 12-ти до 16-ти јануари и е до ски центрите на „Стрежево“ кај Нижеполе и „Копанки“ кај хотелот „Молика“, со можност за уживање во убавините на планината пиејќи топол чај.

Линијата број 1 за до Нижеполе тргнува во 8:00 часот од паркингот кај Спортската сала, а линијата број 2 е за до хотелот „Молика“ и тргнува во 8:00 часот од паркингот кај Новиот пазар. Враќањето на двете линии е во 13:00 часот.

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски денеска беше во посета на ски терените кај Нижеполе, каде денеска имаше посетители кои уживаат во убавината на планинските предели.

More from ВестиMore posts in Вести »