Press "Enter" to skip to content

Битолчанец ги “исчисти“ дрвјата и бандерите од Широк Сокак од некролозите (фото)

Деновиве наш сограѓанин (името и презимето познати на редакцијата) ги отстрани некролози по Широк Сокак во Битола кои се поставени – залепени по дрвјата и бандерите од кај бутките се до плоштадот “Гоце Делчев“ во Битола кај “Јагода“, кај “Камен мост“, пред “Епинал“, кај “компирчињата“…

Поради што се одлучил на ваков потег тој ни рече:

-Прво сакам да кажам дека ова не го направив скришно, по темница туку по ден, дел кога имаше најмногу гужва по Широк Сокак. Подолго време со другари, пријатели разговаравме за тоа дека не е добро да се поставуваат некролози по дрвјата, не се дрвјата кои  треба се украс на градот, местото каде треба да се постават. Тие само ги нагрдуваат дрвјата, и се оставаат добар впечаток по нашата главна улица. Потрошив некој час, но мислам дека вака е поубаво, почисто, пошироко… Имаше непролози кои биле поставени уште пред многу години, а од една бандера “собрав“ дури 3-4 килограми стара хартија. -Некогаш, поставувањето на некролози било единствен начин да се информираат сограѓаните дека некој починал, но сега во време на екстра брза коминукација ова е последен начин некој да се информира и затаоа мораме да бидеме во тек со времето. Секако со поставување на некролозите може да се продолжи со поставување на определени места, вели нашиот сограѓанин и додава:

-Немаше лоши коментари за тоа кога го правев тоа, туку во разговор со битолчани оваа моја активност ја одобруваа. Се израдував кога поминував двајца битолчани, еден од нив забележа дека нема некролози по дрвјата и рече: алал да му е на тој што го направил тоа. Мене тој разговор многу ми значи, а секој потег со кој ќе ни биде поубав градот ќе биде забележан од тој што ја сака Битола, па затоа сите да се грижиме за градот, на кој нас битолчани ни е најубав. 

Сашо Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »