Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: битолчанка тешко повредена – возило удрило во неа

На 07.01.2026 во 11:54 часот во СВР Битола е пријавено дека на ул. “Столарска“ во Битола, патничко возило „опел астра“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.Ј. (65) од Битола, удрило во 58-годишната Е.Т. од Битола.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.Т., констатирани во Клиничката болница Битола, стои во денешниот полициски билтен. 

More from ВестиMore posts in Вести »