Денес, сабота, 10 јануари, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд и снег, ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Температурата во Битола до 6 степени.
Утре, недела, 11 јануари, во Битола, времето ќе биде променливо облачно и студено со повремени локални врнежи од снег, попладне врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 3 степени.






