Седедин Бајрамов и Центар за култура Битола го закажаа и го најавија концертот со наслов „Прстен за неа“ кој ќе се одржи на 12 февруари 2026 година во големата сала на Центарот за култура во Битола.
Како и безбој пати до сега и овој пат нашиот сограѓанин Сефедин Бајрамов, кој многумина го нарекуваат битолскиот славеј со кадифен глас, на концертот ќе пее во придружба на Камерниот оркестар на Битола.
Сефко на сите битолчани ќе им подари серанади кои дишат со емоции, љубов, вино и вечни битолски убавини, а како вели тоа ќе биде вечер во која песната тивко се вселува во срцето, а музиката станува спомен.
“Прстен за неа“ е песна што не се слуша туку се чувствува, а таков ќе биде престојниот концерт во Битола, а дека ќе биде одлично и неповторливо се чувствува од сега.
-Ова не е само концерт, о ва е прстен за неа – битолската публика, вели Сефко.
Гости на концетот ќе бидат младите уметници Ана Петановска и Виктор Апостоловски.











