Press "Enter" to skip to content

Битолчанец со “киа“ возел со 1,92 промили алкохол во крвта, веднаш бил приведен

На 13.01.2026 во 20:58 часот на ул. „Довлеџик“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Д.А. (58) од Битола.

При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „киа“ со битолски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,92 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.