Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: пријава за физички напад врз малолетник, опожарен “опел“

На 14.01.2026 во 10:20 часот во СВР Битола, Т.Р. (41) од Битола пријави дека на ул „Солунска” во Битола, неговиот малолетен син бил физички нападнат од едно повозрасно лице. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 14.01.2026 во СВР Битола, Љ.Б. (45) од Битола пријавил на ул. „Христијан Тодоровски Карпош” во Битола, настанал пожар во паркирано патничко возило „опел” со битолски регистарски ознаки, сопственост на Б.К. (20) од Битола. Пожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола, а повредени лица нема. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »