Денес, петок, 16 јануари, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеролошки работи, времето ќе биде променливо облачно и тивко со сончеви периоди. Температурата во Битола до 9 степени.
Утре, сабота, 17 јануари, во Битола, времето ќе биде променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Температурата во Битола до 4 степени.






