На 15.01.2026 во СВР Битола е извршен службен разговор со 34 годишно лице од Битола, постапувајќи по претходна пријава дека околу 12:30 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 33-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 15.01.2026 во 23:32 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Битола – Прилеп, патничко возило „форд ескорт“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 25 годишник од Прилеп, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничка болница Прилеп. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола.






