Press "Enter" to skip to content

Во Битола променливо облачно со слаб дожд, температурата до 6 степени

Денес, сабота, 17 јануари, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата во Битола до 6 степени.

Утре, недела, 18 јануари, во Битола времето ќе биде променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Температурата во Битола до 4 степени.