Press "Enter" to skip to content

Ева Милевска по стартот во Кортина д’Ампецо со личен и македонски рекорд во спуст и супервелеслалом

Ева Милевска член на скијачкиот клуб Пелистер од Битола викендов продолжи со своите скијачки натапи, токму таму каде што застана пред две години, на патеката Кортина д’Ампецо во Италија.

Милевска по тешка повреда, таа се врати уште посилна, а освои  98 ФИС поени во спуст и 107 ФИС поени во супервелеслалом. Овие резултати се нејзин личен рекорд, но и нов македонски рекорд во женското алпско скијање во спуст и супервелеслалом.-Како и петходно реков не беше ни малку враќањето на ски – патеките по тешката повреда. Но како одминува времето и доаѓаат добрите резултати полека се заборават напорите и мислам дека се вратив на скијањето посилна. Имам добри ФИС поени, го подобрувам мојот рекорд, но сега имам и рекорд во македонското скијање спуст и супервелеслалом, а тоа за мене е уште поголема обврска. Сезоната е во полн ек и продолжувам истрајно и храбро, ни рече Ева Милевска по вибер комунакација.