Вечерва во Битола ќе се одржи концертот на Раде Шербеџија и бендот „Западни колодвор“ – уметник чие творештво одамна ја надминува формата на концерт и влегува во простор на живо раскажување, поезија и сценска необичност.
-Раде Шербеџија не е гостин во Битола. Тој е дел од нејзината филмска меморија, велат организаторите на концертот.
Последниот концерт на Раде Шербеција се одржа во Битола во март 2022 година кога започнавме да се опоравуваме до короната, во салата имаше ограничен број на публика, бел беа со маски, а беше промовиран со концерт албумот „Ne okreći se, sine“, (издаден 2020 од најголемата регионална дискографска куќа „Croatia Records“).
Затоа денес нова можност да се ужива во музиката и говорот на Раде Шербеџија.











