Поради големиот интерес на јавноста, изложбата „ВЕЧИТО – Богдан Богдановиќ“ во Заводот и Музеј во Битолa беше продолжена до крајот на јануари. Авторката на изложбата, историчарка на уметност од Белград, Маре Јанакова Грујиќ, ја организира оваа ретроспектива по 16-ти пат во регионот, заокружувајќи ја посетата на Македонија во текот на 2025 година.
Д-р Ирена Ружин од Завод и музеј спроведе 20 креативни работилници за деца и млади во текот на месеците ноември и декември, низ кои поминаа околу 400 учесници, меѓу кои и деца со попреченост. Едукативните и инклузивни работилници продолжуваат и во јануари!
До крајот на месецот, посетителите ќе можат да го гледаат долгометражниот филм на авторот за делото на Богдановиќ видено од земјата и од небото, кој неодамна беше прикажан во Српскиот културен центар во Париз. Автор на филмот е Предраг Новаковиќ.
Проектот „ВЕЧИТО – Богдан Богдановиќ“ е авторски проект на Центарот за истражување и валоризација на архитектонското наследство ВАМ од Белград во соработка со бројни партнери од регионот: Уметничката галерија на Босна и Херцеговина, Историскиот музеј од Сараево, Музејот Полимља од Беран (Црна Гора), институти и музеи од Прилеп и Штип итн.
Спонзор на проектот е Балканската мрежа на музеи преку грантот Хедли.

Изложбата „ВЕЧИТО – Богдан Богдановиќ“ ќе биде поставена до крајот на јаниари во Завод и музеј Битола
More from ВестиMore posts in Вести »
- Секој вторник, во следните 21 седмица по една лекција од Марјан Вучковиќ од неговата книга “21 ден во Кина“ за вештачката интелегенција и иднината на бизнисот
- За денес е закажана вонредна седница на Советот на Општина Битола
- Бојана Скендеровски откри кој ќе ѝ прави друштво на сцената во Битола
- Во Битола сончево, температурата до 22 степени
- Еурофарм Пелистер 2 убедлив против Тиквеш во Битола и нов чекор кон плеј-офот (фотогалерија)
More from КултураMore posts in Култура »
- Бојана Скендеровски откри кој ќе ѝ прави друштво на сцената во Битола
- Битола и Виченца: успешна графичка приказна “Огледало – очи в очи“ во галеријата “Ранко Струмениковски“
- “Патот станува место“ изложба на Ангела Каранфилова и Кристина Таневска (фотогалерија)
- Македонската филхармонија го изведе “Музички код“ во Битола (фотогалерија)
- Македонската филхармонија во Битола со концерт “Музички код“









