Press "Enter" to skip to content

Милион денари од Општина Битола за подготовките на Рустемовски за Олимпијада

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски синоќа имаше чест заедно со секретарот на општината Борче Димитровски и претседателот на Советот Бојан Бојкоски да присуствува на манфестацијата „Спортисти на годината 2025“ на која двајца битолчани се закитија со ова престижно признание.

Боксерите од Битола Адријан Рустемовски е прогласен за млад спортист на Македонија, а Ален Рустемовски избран за спортист на годината на Македонија.

-Со ова уште еднаш Битола покажа и докажа дека е спортски град, а изградбата на боксерската сала е вистинска инвестиција на Општина Битола, вели Коњановски.

Општина Битола ќе продолжи и во наредниот период финансиски да го поддржува Рустемовски. Со 1 милион денари од буџетот, Општината ќе го поддржи на неговите подготовки за обезбедување пласман на Олимписките игри.