СВР Битола поднесе кривична пријава против 27 годишник од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи’’.
-На 08.12.2024 во ноќен клуб во Старата чаршија во Битола, пријавениот неовластено и без дозвола држел во себе пиштол калибар 22 LR, кое претставува полуавтоматско огнено оружје, соопштија од МВР.
При извршени проверки констатирано е дека пиштолот има два фабрички броја.






