Press "Enter" to skip to content

Во Битола прoменливо облачно, температурата до 7 степени

Денес, сабота, 31 јануари, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде прoменливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурата во Битола до 7 степени.

Утре, недела, 1 февруари, во Битола, времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 7 степени.