СВР Битола информира дека рано утрово, на улицата кај “Ракометното“ во Битола, 44 годишен скопјанец удрил во дрво поктај патот.
-На 01.02.2026 во 04:28 часот во СВР Битола е пријавено дека на ул. “Партизанска“ во Битола, патничко возило “мерцедес“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од 44 годишник од Скопје, излетало од коловозот и удрило во дрво.
Лицето било пренесено во Клиничка болница Битола, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.






