Press "Enter" to skip to content

36 години традиција, одбележан Св. Атанасиј денот на берберите и фризерите од Битола (фотогалерија)

-Синоќа во ресторанот “Паб Конект“ во Битола се одржа традиционална 36. берберска забава на која учествуваа скоро сите бербери и фризери од Битола, а веќе три години заедно со козметичари и шминкери. Нова кума е Маја – Азалеа која кумството го презеде од Марија Неделковска.

Одбележувањето на денот на берберите и фризерите “Св. Атанасиј“ започна со кревање на леб од страна на кумот Петар Трајковски заедно со голем број бербери и фризери во црквата “Св. Богородица“ во Битола.Традицијата ја започнуваат Миле Трајковски, Стевче Башлаковски и Борче Дишковски. Кума во изминатата година беше  Марија Неделковска, која кумството му го предаде на Маја – Азалеа. -Чест ми е што денес, на овој голем празник посветен на Св.Атанасиј Велики, кој со векови е заштитник на занаетчиите, ја продолжуваме оваа убава традиција. Како козметичари и шминкери, ние веќе трета година сме дел од оваа заедничка прослава, а годинава чувството е посебно бидејќи за првпат паричката се падна токму кај некој од нашата фела. Исклучително сум среќна и благословена што среќата падна кај мене. Верувам дека ова е знак за успешна година, не само за мене, туку и за сите мои колеги. На сите занаетчии им го честитам празникот и им посакувам многу здравје, бериќет и креативност во работата. Нека ни е честит празникот и на помош заштитникот Св. Атанасиј, рече Маја.-За многу години денот на сите колеги и колешки. Пред 8 години на денешен ден го отворив мојот салон. Овој ден е посебен за нас и можам само да посакам на сите здравје, среќа и бериќет. Сите да си посакаме меѓусебно она што си посакуваме за себе и ќе бидеме посреќни и поисполнети, рече Марија.

Текст и фото: Дамијана Ристевска

More from БитолаMore posts in Битола »
More from ВестиMore posts in Вести »