Денес во 10 часот е закажан старт за првиот настап на Европа куп за Ева Милевска од Битола членка на ски клубот Пелистер. Милевска денес на ски-патеката во Сарентино Италија со стартен број 87, како што веќе е најавена на официјалната стартна листа.
Трката е нас амо пет дена пред стартот на Зимските олимписки игри во Италија и таа ќе биде последна проверка на сите кои се учесници на олимпијадата, но и за останатите да видат до каде се стигнати со подготвеноста.
Милевска, видно возбудена, на неколку часа пред денешниот супер велеслалом вели:
-Со оглед на тоа дека сме на прагот на Зимската Олимпијада ова е последна проверка за најдобрите во светот во брзи дисциплини. Чуството и атмосвератата е посебна во пресрет на трката особено кога се работи за земја како Македонија во скијачкиот свет. Благодарност до моите подржувачи кој допринесоја да се појавам на натпреварите од Европа куп.











