Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: опожарена куќа во Бистрица, уапсено лице кои се барало со потерница

На 02.02.2026 во 16:00 часот во СВР Битола било пријавено дека настанал пожар во куќа во с.Бистрица, битолско, сопственост на Л.М. од село Бистрица. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола, а повредени лица нема. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.

На 02.02.2026 во 10:55 часот на ул. „Бошко Најдовски“ во Битола,  полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 44 годишник од Битола. Тој бил баран по распишана централна потерница од Основен суд Битола за издржување на казна затвор во траење од една година и  шест месеци. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Битола за издржување на казната.

More from ВестиMore posts in Вести »